Честопати клубовите чекаат до последен момент во преодните рокови за да ги ангажираат своите засилувања, па се случува да има и утки, а таков кикс ѝ се случи на Барселона.
Каталонците чекаа до последен миг за да ги пријават документите за позајмица на Хулијан Араухо, 21-годишниот десен бек на Лос Анџелес галакси.
Задоцнија само за 18 секунди, што е неверојатно, но трансферот не е пријавен иако Каталонците бараат од ФИФА да го признае.
„Не стигнавме навреме поради компјутерска грешка, а доцнењето е само 18 секунди. Ќе чекаме да видиме што ќе одлучи ФИФА“, изјави директорот на Барселона, Матеу Алемани.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1620901317555232795?s=20&t=v6V-1_3RAno9jw7mxXDYIQ
Планот на Барселона беше да го земе 21-годишниот репрезентативец на Мексико на позајмица, а потоа да има право на откуп на неговиот договор со Лос Анџелес галакси.