Јаник Синер извојува неверојатна победа против Новак Ѓоковиќ во нивниот дуел од тенискиот Дејвис куп, па мечот во двојки ќе решава дали во финалето против Австралија ќе се најде Србија или Италија.
Поразот на Ѓоковиќ може да се нарече неверојатен затоа што во третиот сет, при 5-4, тој водеше со 40-0 и имаше три меч-топки на сервис на Синер. Италинанецот со серија поени се спаси од пораз и го освои гејмот, а потоа веднаш и брејк, и наредниот на свој сервис, па со 7-5 го победи светскиот рекет број 1, на кого му се реваншираше за поразот во Торино во финалето на завршниот Мастерс.
Беше најавено дека во дубл за Србија ќе играат Ѓоковиќ и Лајовиќ, останува да се види дали најдобриот тенисер психички ќе биде спремен вечерва да игра уште еднаш.