И тој е човек од крв и месо: Прв кикс на телохранителот на Лионел Меси (Видео)

Лионел Меси за време на својот престој во Интер Мајами си има верна сенка во телохранителот Јасин Чеуко, кој го следи дури и крај аут-линија за време на натпреварите. Неговата задача е никој да не смее да му се доближи на Аргентинецот. Многупати го видовме во акција како трча по теренот за да ги спречи навивачите за време на натпреварите, но овојпат не успеа во тоа.

Едно девојче втрча на тревникот за време на дуелот помеѓу Интер Мајами и Колорадо и за вистинско чудо успеа да стигне до Лионел Меси и да направи селфи. Чеуко и останатите редари на натпреварот задоцнија, а кога пристигнаа, Аргентинецот се погрижи да не бидат груби кон девојчето кое целиот настан успеа да го сними.

Јасин Чеуко во оваа ситуација не успеа да реагира, па сите се прашуваа каде е, но заклучокот е единствен, и тој е човек од крв и месо.

@espnfc

The moment this young fan met Messi. #lionelmessi (via antonella.soccer/IG)

♬ original sound – ESPN FC

https://twitter.com/OneFootball/status/1776889280159212003?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1776889280159212003%7Ctwgr%5Eb9e1805ef81d66829a844770ae3bfb86f7a3fee7%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Flionel-messi-tjelohranitelj-yassine-djevojcica-kiks-ulet-teren-video%2F472240

- Оглас -

Најнови вести