Баерн Минхен е во потрага по нов тренер откако пред неколку дена му врачија отказ на Нико Ковач. Баварците добија негативен одговор од предводникот на Ајакс, Ерик тен Хаг, а на денешната прес-конференција на ПСЖ во пресрет на мечот против Клуб Бриж, и Томас Тухел одби промена на средината.
Екстренерот на Борусија Дортмунд посочи дека не планира да го преземе кормилото на германскиот првак и дека ќе биде тренер на ПСЖ сè додека му трае договорот, а останаа уште две години.
„Не, не ме интересира што клупата на Баерн е слободна. Јас сум тренер на ПСЖ и колку што проверив последниот пат, имам важечки договор во следните две сезони. Не планирам порано од тоа да го напуштам Париз, освен ако клубот не се одлучи да ме смени“, истакна Тухел.