И Украина се откажа од фудбал – Нема да се игра додека не стивне кризата

И Украина се откажува од фудбал, по наредба на Владата на оваа земја и прифаќањето на одлуката од страна на Фудбалската федерација.

Украинците ги одиграа последните два меча од плејофот за титулата во неделата, кога Зорија го победи лидерот Шахтар со 1:0, а Динамо Киев и Десна ремизираа 1:1, па сега ќе чекаат да стивне кризата со Коронавирусот за да продолжи и шампионатот.

Во одлуката на Фудбалската федерација на Украина не е наведено кога се очекува продолжение на фудбалските првенства, а одлуката на УЕФА е сите шампионати во Европа да завршат до 30 јуни.

Во Европа од позначајните првенства во моментов сè уште се игра фудбал само во Русија и во Турција.

- Оглас -

Најнови вести