17.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

И Велшаните се тресеа до крај и навиваа за Македонија, го слават киксот на Белгија

Случувањата на натпреварот Белгија – Македонија во Гент, со голем интерес се следеа и во Велс каде истотака се задоволни од конечниот исход.

Сега пораснаа шансите на Велс да биде прв во групата, со оглед на тоа дека до крајот на квалификациите за СП 2026 треба да играат клучни мечеви на свој терен со Белгија и Македонија, и тоа го гледаат како шанса да освојат максимален број бодови до крајот, со кои би завршиле како први.

Велшаните се запалија после ремито на Белгија и Македонија, но многу работи ќе бидат појасни после мечевите в понеделник кога Велс игра дома со Црвените ѓаволи.

За Македонија да биде прва и да одиме директно на Мундијалот, потребно е Велс да ја победи Белгија, и потоа во ноември ние да го совладаме Велс на негов терен, а секако ќе треба и в понеделник дома да го победиме Казахстан што на хартија е најлесниот дел од работата.

- Оглас -

Најнови вести