И ветеранот на Вилјареал дополнително повикан во Фуријата

Раул Албиол, ветеранот на Вилјареал, доби дополнителен повик во шпанската репрезентација во пресрет на Европското првенство 2020. Албиол е еден од четворицата фудбалери кои селекторот Луис Енрике дополнително ги повика да тренираат во одвоениот меур во пресрет на континенталниот собир.

Еден од капитените на Жолтата подморница последно настапи за Црвента фурија во ноември 2019 година, во убедливата победа над Романија со 5-0 во евроквалификациите. Како што е познато, Шпанците ќе настапат без првиот капитен Серхио Рамос, а денес се појавија проблеми со позитивниот тест за ковид-19 на Серхио Бускетс, по што капитенската лента му е доделена на Жорди Алба.

- Оглас -

Најнови вести