И во Англија се претера: Чашка пиво на пикадо меч е 11 евра

Навивачите кои беа дел од финалето во пикадо Премиер лигата меѓу Лук Литлер и Лук Хамфрис беа шокирани кога ги видоа цените на пивата кои се точеа во „О2 арена“ во Лондон.

Кога се игра пикадо натпревар, фановите навиваат со пиво во рацете и тогаш се најгласни. Сепак, во финалето, симпатизерите останале шокирани кога забележале колку се движат цените за една пластична чаша пиво.

Најевтиното пиво чинело 11 евра, па дел од разочараните навивачи решиле да пијат вода.

- Оглас -

Најнови вести