И во Бетис се чудат како не примија гол од Реал Мадрид

Реал Мадрид и Бетис одиграа 0-0 за радост на Барселона, која останува лидер во шпанската лига, иако има ист број бодови со лутиот ривал од главниот град на Шпанија. Откако се врати на клупата на Реал, Зинедин Зидан нема ниту една серија од три победи по ред. Ова е прв меч на Реал како домаќин со Зидан на клупата, кој заврши без голови.

Бетис влезе историјата како прв тим кој на три лигашки гостувања по ред на „Сантијаго Бернабеу“ не прими гол. Домашните постогнаа еден гол, Еден Азар ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен по прегледување на снимка во ВАР собата. Ферлан Менди во средината на второто полувреме имаше 100 процентна шанса, но бекот покажа дека е очаен реализатор и утна нешто што беше потешко да се утне отколку да се даде гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести