Лидс и Престон одиграа 1-1 во меч од англиската Шампионат лига. Езџан Алиоски ги одигра сите 90 минути за Лидс, кој со овој бод остана второпласиран на табелата, со убави осум бода предност пред третиот Брентфорд.
Мечот го одбележаа два прекрасни гола. Најпрвин гостите одиграа феноменална контра, која ја крунисаа со гол:
https://twitter.com/i/status/1210262437976576005
Во финишот, Стјуарт Далас го спаси Лидс од пораз со една бомба која ја испрати во горниот агол од голот на гостите:
https://twitter.com/i/status/1210275283099684866