И во кризен период Куман се грижи за клаузулата „Барселона“

Селекторот на Холандија, Ронал Куман, претходно откри дека има клаузула во договорот со Лалињата кој му дозволува да ја преземе клупата на Барселона доколку стигне понуда. Но таа понуда би ја прифатил по завршувањето на Европското првенство кое требаше да се одржи претстојното лето, но поради Коронавирусот се одложи за следната година.

„Клаузулата гласи дека можам да прифатам понуда од Барселона по завршувањето на ЕП. Но таа е поместена за една година бидејќи и континенталниот собир се презакажа за 2021 година“, истакна Куман.

Холанѓанецот наводно имал понуда од Каталонците по отказот на Ернесто Валверде, но ја одбил бидејќи не дошла во вистински момент и не сакал да ја напушти селекцијата пред настапот на ЕП. Што се однесува за Европското првенство, ќе се одржи следната година од 12 јуни до 12 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести