И во навивањето доаѓа нова ера (Фото+Видео)

Од започнувањето на фудбалската игра се случиле неколку поголеми проблеми кои биле со цел за подобрување на најважната споредна работа во светот. Парарелно со промените на теренот, се случуваат промени и на трибините. Фудбалот полека, но сигурно станува забава за богатите бидејќи на големите и важни натпревари билетите достигнуваат многу висока сума.

Едноставно, фудбалот сè повеќе станува бизнис од кој се заработува. Иако се видени многу промени, синоќа на дуелот Сити – Лестер беше забележана една новост, и тоа наменета за навивачите. Наместо традиционалните знамиња кои ги носат навивачите и ги закачуваат на трибините, на стадионот на Сити се случи да има знамиња на електронски дисплеј.

Претходно беше забележано на стадионот на Тотенхем како преку разглас на снимена атмосфера се пушта навивање, па дури и да не е ни до пола исполнет стадионот, атмосферата е пеколна.

https://twitter.com/i/status/1122110383391686656

- Оглас -

Најнови вести