И во НБА ќе се воведува „ВАР“, но само ако побараат тренерите

Челниците на НБА-лигата одлучија дека е време и тие да ја внесат технологијата во најсилната кошаркарска лига на светот. Од следната сезона, тренерите ќе имаат можност да побараат „челенџ“ на некоја спорна ситуација. Такво нешто веќе има во американскиот фудбал (НФЛ).

Според правилото, тренерите само еднаш во текот на мечот ќе смеат да побараат прегледување на спорна ситуација. Тие ќе може да ја оспорат судиската одлука, но право на „челенџ“ ќе имаат само доколку имаат право и за користење тајмаут.

Ова правило треба да го намали бројот на грешките кои се случуваа во последните неколку години, а некојпат имаа и директно влијание на конечниот резултат на мечевите. Компилација на дел од грешките кои судиите ги направија во минатата сезона можете да погледнете на видеоклипот.

https://youtu.be/93nC28YsXV4

 

- Оглас -

Најнови вести