Натпреварот од НБА-лигата помеѓу Оклахома Сити тандер и Мемфис гризлис почна со мало задоцнување затоа што имаше недоразбирање меѓу техничките екипи на двата клуба, па кога требаше мечот да почне, двата тима на паркетот беа во бели дресови.
Потоа беше решено гостите од Мемфис дека мора да се пресоблечат и да играат во темна опрема.
Инаку, Тандер и во минатата сезона се најде во ваква ситуација, кога на мечот со Атланта, двата тима имаа темни дресови, дури така одиграа и едно полувреме.
https://twitter.com/i/status/1503154202909962243