2.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

И во понеатрактивните лиги има интересни дуели

1655 Антверпен – Сен Труден (18:45 ч.)

Антверпен е во добра серија и освои 10 од можните 12 бода во последните четири кола. Тимот е посебно добар на свој терен, каде што има седум победи во 11 меча и одлична гол-разлика од 24 дадени и само 12 примени гола.

Сен Труден сезонава дома славеше со 2:1 над Антверпен, но сега ќе биде добро за нив ако освојат бод на гостински терен.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.89)

 

1012 Нотингам форест – Барнсли (20:45 ч.)

Нотингам е тим кој има аспирации да се бори за место кое води во разигрување за пласман во Премиер лигата, додека Барнсли е на последното место во Чемпионшип.

Во есенскиот дел, Нотингам со 3:1 победи на гости кај Барнсли и сега на свој терен треба да потврди дека е подобар тим.

Предлог тип: 1-1 (2.65)

 

1026 Вимблдон – Ипсвич (20:45 ч.)

Вимблдон е тимот кој одигра 10 нерешени во 25 кола во Лига еден. Ипсвич е тим кој игра атрактивно и дава многу голови, но има и слаба одбрана, па во 27 кола прими дури 37 гола.

Во есенскиот дел овие два тима одиграа интересен меч, кој заврши 2:2 и сега треба повторно да има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)

 

1641 Екселсиор – Ден Хаг (20. ч)

Дуел на две од четирите најефикасни екипи во втората холандска лига. Домаќините имаат гол-разлика од 48 дадени и 29 примени гола во 22 кола, што е просек од 3,5 по меч.

Ден Хаг има речиси идентична гол-разлика (48 дадени и 29 примени гола), па ова е најава за погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.71)

 

1821 Манхајм – Викторија Келн (19 ч.)

Манхајм е тим кој се надева дека може да влезе во битка за места кои водат во Цвајте лига во Германија. Викторија Келн сезонава на гости игра многу слабо и претрпе дури седум порази во 10 средби.

Во изминативе три сезони овие два тима имаат одиграно пет меча и сите се со голови на двете страни, па резултатите се: 2:3, 1:2, 2:2, 2:1, 2:2. Ако се продолжи со оваа традиција, лесно ќе се погоди некоја игра на голови.

Предлог тип: 1+I & 2+ II (2.45)

- Оглас -

Најнови вести