И во тешките моменти, навивачите на Ривер шампионски ги пречекаа фудбалерите (видео)

Сега веќе јужноамериканскиот вицешампион, тимот на Ривер плејт се врати во Буенос Аирес по разочарувачкиот пораз од Фалменго во финалето на Копа Либертадорес. Ривер беше блиску до одбрана на континенталната круна, но се повтори европското финале од 1999 година, кога Манчестер јунајтед во судиското надополнување ја украде титулата од Баерн Минхен.

И покрај тоа, фудбалерите беа пречекани како големи шампиони од страна на своите навивачи. Илјадници нивни фанови се наредија по улиците на аргентинската метропола за да ги поздрават нивните херои, кои им носеле многу среќа и радост, па сега покажува дека се покрај нив и во тешките моменти.

- Оглас -

Најнови вести