Српскиот првак Црвена ѕвезда не дозволи изненадување и со 2:1 ја елиминираше Судова на меч одигран во Белград. Првата средба заврши без погодоци, а синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“ се радуваа домаќините. Уште во првото полувреме Ѕвезда даде два гола за мирен остаток од мечот.
Иако домаќинот имаше комотна предност, во 60-тата минута се случи еден немил настан. Дефанзивецот Марко Гобељиќ непотребно грубо стартуваше врз Славицкас, кој падна на теренот и веднаш се пожали на болки во ногата. Гобељиќ за својот старт доби директен црвен картон, а Славицкас на носилки беше изнесен надвор од теренот. Подоцна беше констатирано дека има скршеница на ногата.