И во зима и во лето: Гризман објасни зошто секогаш игра со дрес со долги ракави

Антоан Гризман важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Многу трофеи, одлични игри, но едно прашање ги мачеше многумина. Зошто французинот секогаш игра со дрес со долги ракави, и во зима, но и во лето.

„Кога бев дете го гледав Дејвид Бекам секогаш во долги ракави. Многу ми се допаѓаше неговиот стил. Се сеќавам во Реал Сосиедад воопшто немаше дресови со долги ракави и морав да побарам од економот, а тој даде се од себе за да ми набави таков дрес.“ – ја разреши мистеријата Гризман.

Неговиот клуб, Атлетико Мадрид, последната титула ја освои во 2021-вата година, сезоната кога тој настапуваше во Барселона.

„Никогаш не го освоив шпанското првенство, а сум клупски рекордер по бројот на головите, но многу ми е тешко што не станав шампион. Лигата на шампионите на сите ни е сон.“ – додава французинот.

- Оглас -

Најнови вести