И втората „спорна“ боксерка обезбеди медал, а поразената Бугарка жестоко негодуваше

Боксерката од Тајван, Лин Јутинг, се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во категоријата до 57 килограми, откако ја победи Бугарката Светлана Каменова.

Лин автоматски обезбеди најмалку бронзен медал, а мечот не помина без контроверзи. За тоа се погрижи Каменова, која на крајот, откако не беше прогласена за победник, ги подигна двете раце и со два прста формираше знак „X“. Тоа е јасна алузија на знакот кој е обележје на женскиот хромозом.

„Не, не. Нека ѝ ги проверат хромозомите“, изјави Светлана Каменова, обраќајќи се кон новинарите во микс зоната.

Инаку, Боксерскиот сојуз на Бугарија пред овој меч соопшти дека „строго се противи“ на учеството на Лин Јутинг на Олимписките игри, бидејќи станува збор за боксерка која беше исфрлена од претходното Светско првенство, откако тестот не можеше да го утврди нејзиниот пол.

Тогаш Лин ја победи Каменова во четвртфиналето, но триумфот подоцна и беше доделен на Бугарката.

Да потсетиме, во полуфиналето на олимпискиот турнир се пласираше уште една боксерка за која се шпекулираше дека е маж, а тоа е Алжирката Иман Келиф.

- Оглас -

Најнови вести