Челзи убедливо со 3:1 загуби на „Стемфорд Бриџ“ во дербито од Манчестер сити, во меч на кој гостите беа доминантни во текот на сите 90 минути. Лондонскиот тим дури во последната минута даде почесен погодок, но тоа едноставно беше премалку да се спречи страмниот пораз.
За тоа колку не им одеше на домашните фудбалери се покажа и при изведување на еден корнер. Еден од најпатените фудбалери, Тимо Вернер требаше да изведе корнер, но наместо да подаде на својот соиграч, Германецот сам себе се повреди.