Женскиот фудбалски првак на Македонија, тимот на Љуботен, попладнево ги започнува своите обврски во квалификациите за Лигата на шампионите. Љуботен е домаќин на турнирот на кој ќе се сретне со Сент Пелтен, а доколку победи, ќе игра против подобриот од дуелот Динамо Минкс – Локомотива Стара Загора.
На тренинг-центарот од ФФМ „Петар Милошевски“ денес ќе се играат два дуели, со тоа што фудбалерките на Љуботен ќе истрчаат на теренот во 17 часот за дуелот против Сент Пелтен, додека во 11 часот претходно ќе се сретнат Динамо и Стара Загора.
Победникот од овој турнир ќе се пласира во финалната фаза од квалификациите, каде што ќе се води битка за пласман во групната фаза од женската Лига на шампиони.