8.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Иако беше блиску до Интер: Кансело ја откри причината за враќањето во Барселона

Жоао Кансело до крајот на оваа сезона ќе настапува како позајмен фудбалер за Барселона, откако буквално беше избришан од екипата од Ал-Хилал, по конфликтот со тренерот Инѕаги.

Португалецот беше блиску до потпис со Интер, но на крајот сепак се одлучи да се врати во Барселона, екипа за која настапуваше во сезоната 2023/24.

Кансело очекува дека ќе биде важен дел од екипата која ќе освојува трофеи оваа сезона, но вели дека улога имало и неговото семејство, како и приврзаноста кон клубот и самиот град.

Нема сомнеж дека Кансело ќе биде големо засилување за Барселона во продолжение од сезоната и важна алка на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести