8.8 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Иако Болоња е погоре на табелата од Јуве, половина прогнозери типуваат триумф на Старата дама

На еден ден пред завршувањето на рокот за типување на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, јасно е кои екипи се фаворити на повеќето играчи кои веќе се изјасниле, а кај кои парови поделеноста е голема.

Половина од прогнозерите очекуваат победа на Јувентус на гостувањето кај Болоња од која има два бода помалку, а другите 50 проценти се или за победа на Болоња или за реми.

Најголеми фаворити за победа се Марсеј, Рен, Менхенгладбах, Сент Паули и Мајорка, за сите овие екипи веруваат над 75% од играчите на Спортската прогноза. Најголема поделеност е кај холандското дерби Ајакс – Феенорд: 32 отсто се за победа на тимот од Амстердам, 24 отсто за реми, а 44 веруваат во гостите од Ротердам.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

 

- Оглас -

Најнови вести