Иако навивачите бојкотираа, сепак со свирежи ја „поздравија“ израелската химна во Париз (Видео)

Дуелот од Лигата на нации помеѓу Франција и Израел предизвика голем интерес во јавноста, но не од фудбалски причини, туку од нефудбалски и барањето мечот воопшто да се одигра.

Откако беше јасно дека натпреварот ќе се игра и тоа со присуство на гледачи, на трибините се најдоа само 15.000 гледачи, пред се поради организираниот бојкот, што претставува околу 20% од капацитетот на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Сепак, иако малубројни, присутните со жестоки свирежи ја „поздравија“ химната на Израел.

 

- Оглас -

Најнови вести