Иако не добива голема шанса: Реал Мадрид одбил да го позајми Ендрик во Премиер лигата

Бразилскиот интернационалец Ендрик во Реал Мадрид пристигна како голем талент и од него се очекуваше да биде еден од носителите на играта на Кралевите, иако кога дојде во Мадрид, имаше само 18 години. Сепак, настапи само на 21 натпревар, на коишто собра само 318 минути игра, а само двапати беше стартер. Ендрик имаше ефект од четири гола и една асистенција.

Токму затоа за него имало понуда од Вест хем за да го позајмат до крајот на сезоната. Фудбалерот би добил минутажа, а Чеканите одлично засилување, но оваа понуда била категорично отфрлена од раководството на Реал Мадрид. Кралскиот клуб сериозно смета на неговите услуги и во вториот дел се очекува да има многу поголема минутажа во составот на Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести