Квотите на денот кои за денеска ги нуди Sport Life се од натпревари од шампионатите во Кипар, Романија, Германија, Шпанија и од Аргентина и носат вкупен коефициент од 59.83 ако се одиграат на еден тикет заедно.
Првиот предлог е од кипарскиот шампионат и дуелот меѓу Арис Лимасол и АЕК Ларнака, за кого настапува македонскиот репрезентативец Иван Тричковски. Квота од 2.20 се добива ако одиграте дека Арис нема да загуби, а двата тима ќе постигнат барем по еден гол.
Најмала е квотата за дуелот од третата германска лига меѓу Инголштад и Динамо Дрезден и изнесува 2.15. Неа ќе ја добиете ако одиграте дека Динамо Дрезден нема да загуби и притоа ќе постигне најмалку два гола.
Универзитатеа Клуж во разигрувањето за опстанок во првата романска лига, во првото коло го пречекува Аргеш и е фаворит за победа. Квота од 2.20 се добива ако се одигра дека домаќинот ќе постигне меѓу два и четири гола.
Колото во Шпанија вообичаено се затвора со натпревар од Втората лига, а вечерва во него игра лидерот на табелата, Еибар. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра на голови. За играта да биде постигнат барем по еден гол во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.30.
Најголема е квотата за петтиот предлог и изнесува 2.50 и е за натпревар од аргентинскиот шампионат. Во дербито на колото се среќаваат поранешните шампиони Њуелс олд бојс и Сан Лоренцо и тука предлогот е да се одигра на голови, односно да има помеѓу еден и три гола и во првото и во втотото полувреме.