Македонската фудбалска репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар откако во решавачкиот меч загубивме на гости од Португалија со 2:0.
Македонија лани играше на Европското првенство, а сега не успеа да го исполни сонот и за пласман на Светското првенство, но и покрај тоа, овие момци се спортски херои.
Победа над Германија на гости, триумф над Италија во Палермо и елиминација на актуелниот европски првак и на крајот несреќен пораз од Португалија, која беше предводена од најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо.
Македонија мора да биде горда на овие момци.