Иако не се во иста група, Швајцарија ќе гостува во Србија во меч од квалификациите за ЕП 2024

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги изненади навивачите со одлуката за местото на кое Белорусија како домаќин треба да игра против Швајцарија во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Белорусија е под посебни санкции од УЕФА поради поддршката што оваа земја и ја дава на Русија во нападите над Украина, па затоа не смее на домашен терен да игра меѓународни средби.

Секој меч на кој Белорусија ќе треба да биде домаќин ќе го игра во некоја друга земја, а УЕФА реши средбата против Швајцарија во првото коло од квалификациите во март 2023 година да се игра во Нови Сад.

Оваа одлука на УЕФА е изненадувачка ако се знае дека Швајцарија и Србија играа „воинствен“ меч на Мундијалот во Катар. Швајцарија со 3:2 ја победи Србија и да елиминира од СП, а фудбалерите на двата тима, неколку пати влегуваа во конфликт. Посебно воинствени беа српските фудбалери со швајцарските репрезентативци со албанско потекло Гранит Џака и Џердан Шаќири.

Швајцарија и Белорусија во квалификациите за ЕП 2024 година се во група уште и со Андора, Израел, Косово и Романија.

- Оглас -

Најнови вести