МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер вечерва ги играат последните мечеви од годинешново издание на АБА 2 лигата. Двата македонски преставника се домаќини пред своите навивачи, но средбите немаат некое поголемо значење затоа што немаат шанса за прогрес во следната фаза.
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во „Јане Сандански“ ќе ја пречека Цедевита, а Пелистер е домаќин на Подгорица.
Третиот македонски престравик во АБА 2 лигата, екипата на Работнички, синоќа загуби дома од Војводина со 74:70, и тоа по продолжение. Работнички групата ја заврши без ниту една победа. За разлика од тимот од Градски парк, МЗТ ќе атакува на третиот триумф, кој нема да им биде доволен да бидат на едно од првите две места.