Интер синоќа одигра само 2:2 на свој терен против Калјари, а посебно внимание привлече погодокот со којшто гостите израмнија на 2:2 во 83-тата минута. Виола погоди откако топката дојде до него, откако претходно удри во раката на Лападула.
Судиите го признаа голот, а денеска стигна позитивна реакција и од шефот на италијанските судии, Марко Трефолони. Според толкувањата на судиите, Лападула воопшто немал контрола дека топката ќе го удри во лактот и дека бил свртен со грб, а раката му била во природна положба.
Иако многу судии би протолкувале дека играње со рака кое директно влијае да се постигне погодок значи прекршување на правилата и поништување на голот, Трефолони смета дека овојпат била донесена правилна одлука.
Il Cagliari pareggia con tocco di mano ma Infantino esulta al gol dell’Inter quindi è #MarottaLeague https://t.co/dMLWWfNKP1 pic.twitter.com/IyPhP6cDmI
— Niccolò 🖤💙 (@NiccolFrancesc6) April 14, 2024