Иако загубија од Романија, фудбалерите ќе добијат 40.000 евра премија

Македонската фудбалска репрезентација со пораз ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, откако со 3:2 синоќа загуби на гостувањето кај Романија. Домаќините водеа со 2:0, а Македонија со погодоците на Адеми и Трајковски во интервал од само 84 секунди, успеа да стигне до 2:2.

Сепак, нашите фудбалери не успеаа да го сочуваат ремито и примија трет гол и на крајот без бодови се вратија од гостувањето во Букурешт. И покрај поразот, од Фудбалската федерација на Македонија решиле дека играчите и стручниот штаб треба да добијат премија за добрата игра, па ќе поделат награда од 40.000 евра, иако загубија.

Фудбалерите сега треба да се фокусираат на преостанатите два квалификациски меча од мартовскиот квалификациски циклус. В недела играме на домашен терен против Лихтенштајн, а на 31 март ќе гостуваме на четирикратниот светски првак Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести