Ибора не се изнаигра во Лестер, Вилјареал го врати во Шпанија

Вилјареал го доведе Висенте Ибора од редовите на Лестер за сума од 11 милиони евра. Шпанскиот играч за врска ја заврши авантурата на Островот само по една и пол сезона, откако не се изнаигра за „лисиците“. Со „жолтата подморница“ потпиша четири и пол годишен договор, според кој ќе се задржи до 2023 година.

Лестер го откупи Ибора од Севилја во летото 2017 година за сума од 15 милиони евра, но одигра само 37 меча во сите натпреварувања за една и пол година, а постепено го губеше местото во стартните 11. Сезонава одигра вкупно 11 натпревари, на кои главно влегуваше од клупата.

Триесетгодишниот играч за врска ќе биде големо засилување за Вилјареал во вториот дел од сезоната, од него се очекува да ѝ помогне на екипата да се избори за опстанок во шпанската елита. Вилјареал по 18 натпревари во Ла Лига, се наоѓа на 18-тото место со освоени 17 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести