Ибра беше во право: Милан ќе беше шампион ако се гледаат бодовите освоени по стартот на Корона кризата во Серија А

Јувентус ја продолжи доминацијата освојувајќи ја деветата титула во низа во Серија А, но Милан е клубот за кој се зборуваше во Италија по враќањето на возбудувањата по стартот на Коронавирусот. Росонерите одиграа речиси перфектно по враќањето на теренот по паузата од речиси четири месеци поради опасниоот вирус.

Во 12-те кола кои се доиграа во изминативе два месеци, Милан блеска. Тимот од „Сан Сиро“ имаше девет победи и само три нерешени меча, па од вкупните 36 бода, Росонерите освоија 30 бодови. Ниту еден друг клуб во Серија А немаше толку многу освоени бодови по враќањето на фудбалот во време на Коронавирусот.

Милан е и единствениот тим без пораз во тие 12 кола во Серија А. По бројот на освоени бодови, зад Росонерите, на второто место е Аталанта. Тимот од Бергамо освои 27 бодови, а во последното коло загуби на свој терен од Интер со 0:2. Токму Нераѕурите се на третото место на табелата во ерата на Коронавирусот со 25 освоени бодови.

Актуелниот првак Јувентус играше неуверливо и освои само 20 од можните 36 бода, но и тоа беше доволно на крајот да ја одбрани титулата.

КАКО ИЗГЛЕДА ТАБЕЛАТА ВО СЕРИЈА А ПО 12-ТЕ КОЛА ОДИГРАНИ ВО ЕРАТА НА КОРОНАВИРУСОТ

1. Милан 30 бодови

2. Аталанта 27

3. Интер 25

4. Рома 25

5. Наполи 23

6. Јувентус 20

7. Сасуоло 19

8. Сампдорија 16

9. Лацио 16

 

- Оглас -

Најнови вести