Златан Ибрахимовиќ се врати во стартниот тим на Милан и веднаш покажа дека е 100 отсто подготвен. На легендарниот голгетер му беа потребни само седум минути за да погоди на гостувањето кај Калјари. Самиот се избори за пенал, а потоа успеа и да реализира за водство на фаворитот.
Со овој гол, Ибрахимовиќ успеа во 23 години по ред да постигнува барем по еден првенствен погодок. Неговата низа започна уште во 20 век.
https://twitter.com/i/status/1351256961631875074
Ибрахимовиќ продолжи во ист стил, а во првото полувреме имаше и едно маестрално додавање, во кунг-фу стил.
Второто полувреме започна исто како првото. Ибрахимовиќ повторно погоди по само седум минути игра, за предност на гостите од 2:0.
https://twitter.com/i/status/1351272323651928065
До крајот на мечот, Росонерите рутински го задржаа водството и на крајот освоија три бода со кои стигнаа до 43 поени и повторно се лидери во Серија А, пред Интер кој е втор со 40 бодови.