Ибра го доби тоа што го бараше од Милан!

Златан Ибрахимовиќ се согласи да потпише нов договор со Милан, а за останување во редовите на Росонерите и следната сезона, ќе добие 7 милиони евра, без провизии или бонуси. Швеѓанецот долго време преговараше со клубот и откако го доби тоа што го бараше, сега може и официјално да потпише.

Ибрахимовиќ ги договорил сите детали за останување во Милан, фали само потпис, а и тоа ќе се случи наскоро, веројатно утре, за кога е закажано пристигнувањето на Златан во Милано, по што тој ќе му се стави на располагање на тренерот Стефано Пиоли. Иако во октомври ќе наполни 39 години, Златан е лидер на Милан и затоа бараше и доби голема плата каква што други негови врсници кои уште не се пензионирани, може само да сонуваат.

- Оглас -

Најнови вести