Ибра го изненади Ноле, а најдобриот тенисер во светот веднаш знаеше со која песна да го поздрави (Видео)

Новак Ѓоковиќ вчера со победа го започна завршниот Мастерс турнир кој се игра во Торино, откако лесно со 2:0 славеше над Каспер Руд. На овој меч, Новак имаше специјален гостин. Златан Ибрахимовиќ беше во Торино да го гледа и да навива за својот пријател.

Популарниот Ибра неодамна се врати од репрезентативните обврски со Шведска и по мечот со Шпанија во Севилја, директно допатува во Торино за да се види со Ѓоковиќ.

Двајцата врвни спортисти беа видно расположени, а Ноле не ја пропушти шансата да го поздрави Ибра со неговата омилена песна „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.

https://twitter.com/i/status/1460336808181465090

- Оглас -

Најнови вести