Ибра им покажа на Американците како изгледа „Паненка“ пенал (Видео)

Голот на Златан Ибрахимовиќ од пенал во 65-тата минута, со кој Лос Анџелес галакси го победи Портланд тимберс со 2-1, ги фрли во транс навивачите на Галаксијата. При резултат 1-1, Ибра реши да биде храбар и пеналот да го изведе во стилот на Антонин Паненка, и успеа да даде гол. Ова беше изненадување за американските љубители на фудбалот, кои ретко виделе вакво нешто кај нив, иако во Европа, особено со Серхио Рамос, ваквите пенали се прилично честа појава.

Галакси во пет кола има четири победи. Златан беше двоен стрелец, двата гола му беа од пенал. Со овие два погодоци Ибрахимовиќ стана најдобриот шведски голгетер во историјата со вкупно 515 гола во неговата кариера, надминувајќи го учинокот на Гунар Нордал (513 гола).

Ова е голот кој ги воодушеви Американците:

https://twitter.com/i/status/1112544491230027781

- Оглас -

Најнови вести