Ибра испиша историја, Франција ја смачка Холандија, потфрли и Полска!

Со 41 години и 172 дена, Златан Ибрахимовиќ стана највозрасниот фудбалер во историјата кој играл натпревар од квалификации за Европско првенство, но Ибра рекордот го постави на меч кој неговата Шведска го загуби со 0-3 против Белгија.

Сите три гола за Црвените ѓаволи ги даде Ромелу Лукаку. За Лукаку ова е прв хет-трик од 2017 наваму, а за националниот тим немаше дадено гол од преклани и тоа истотака од еден дуел против Швеѓаните.

Во дербито во Париз, Франција ја порази Холандија со убедливи 4-0, а Чесите изненадувачки лесно излегоа на крај со Полска која ја надиграа со 3-1. Без проблеми минаа Србите (2-0 со Литванија), Грците (3-0 со Гибралтар) и Австријците (4-1 со Азербејџан), а реми имаше само на Молдавија – Фарски острови, каде по еден гол дадоа двата тима.

- Оглас -

Најнови вести