Ибра ја откри тајната на својата спортска долговечност

Како тоа Златан Ибрахимовиќ и на 39-годишна возраст уште е на врвот, од каде фудбалерот на Милан ја црпи силата и иако е еден од најстарите фудбалери на светот, игра како ѕвер? Ова се прашуваат многумина, а Златан си дава голови. Шведскиот фудбалски велемајстор смета дека тајната на успехот е во неговата ментална сила, како и физичките предиспозиции.

Иако имаше многу повреди низ кариерата, тој секогаш се враќаше уште посилен.

„До главата е, до таа ментална сила. Млад си и свеж толку колку што си млад во главата. Годините се само број, твојата глава одлучува колку си млад или стар“, вели Ибра, кој не јаде брза храна, но месото му е една од главните состојки во исхраната и омилен му е шведски колбас.

Како што стојат работите, тој ќе игра на врвно ниво и кога ќе има наполнети 40 години (во октомври 2021 ќе прослави 40-ти роденден), а тоа ќе се случи во октомври следната година. Милан сака да му го продолжи договорот до летото 2022, а ако Росонерите се пласираат во Лигата на шампионите, и Златан нема да има проблем да потпише продолжување на соработката за уште една сезона.

Сезонава тој има 8 гола на пет меча во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести