17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ибра ја откри тајната што може да го направи „слаб“

Златан Ибрахимовиќ пред некој ден влезе во петтата деценија од животот, но и покрај тоа, игра во фантастична форма и тоа на врвно ниво.

Легендарниот напаѓач, сега актуелен член на Милан, ја откри тајната за ваквата форма.

„Немам тајни, додуша можеби постои само една. Мојата сила е во косата, ако ми ја отсечете косата, тогаш станувам слаб како Самсон“, изјави Ибрахимовиќ.

Самсон е библиска фигура чија моќ се манифестирала преку косата, која доколку му била исечена, тој останувал без моќи.

Последен пат со кратка коса Ибра го видовме во дресот на Јувентус пред 15 години.

- Оглас -

Најнови вести