6009 Милан – Порто (18:45 часот)
Домашниот тим во Лигата на шампионите игра сосема дијаметрално од домашниот шампионат.
Милан има три порази од исто толку натпревари во ЛШ, а вечерва против Порто ќе ја бара премиерната радост.
За првпат во нападот ќе стартува и Златан Ибрахимовиќ, а самото негово присуство на теренот значи и мотив плус за домаќините.
Едноставно, Милан мора да победи за да остане во каква-таква шанса за да го продолжи настапот во понатамошниот дел од натпреварувањето.
Предлог тип: 1 (2.02)
6011 Борусија Дортмунд – Ајакс (21:00 часот)
Овие две екипи важат за едни од најефикасните во Европа, а доказ за тоа е и последниот нивен натпревар, каде што Ајакс во четири наврати успеа да ја затресе мрежата на германскиот тим.
Вечерва веруваме дека ќе биде поизрамнето, но сигурни сме дека забавата нема да изостане иако Милионерите ќе бидат без најдобриот свој играч Ерлинг Халанд.
Од друга страна, Ајакс продолжува да фасцинира со своите настапи имајќи максимални девет бода од три натпревари, со импресивна гол разлика од 11 постигнати и само еден примен гол.
Предлог тип: 4+ (2.08)
6015 Шериф Тираспољ – Интер (21:00 часот)
Идентично како Милан, и на Интер му е потребна победа за да остане во игра за пласман за понатамошниот дел од Лигата на шампиопните.
Но, на хартија нивниот вечерашен противник е далеку полесен, иако и тие влегуваат со своја математика по фантастичниот старт со шест освоени бода по два натпревари.
Сепак, квалитетот на големо е на страната на Интер, кој во првата средба го победи тимот на Бобан Николов со 3:1, па и вечерва можеме да очекуваме слична партија.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.71)
6013 Манчестер сити – Клуб Бриж (21:00 часот)
Сосема е јасно кому му припаѓа фаворитската улога на оваа средба.
Едноставно, Манчестер сити има премоќен тим во споредба со белгискиот првак, кој доживеа дебакл на својот терен токму од овој противник.
Но, домашниот тим нема да форсира премногу, со оглед на фактот дека во попладневниот термин во сабота го очекува мегадуел против градскиот ривал Манчестер јунајтед.
Може да се очекува дека Сините ќе се обидат рано во првиот и во вториот дел да го решат прашањето околу победникот, а Пеп Гвардиола да се фокусира на саботното дерби.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.71)
6012 Ливерпул – Атлетико Мадрид (21:00 часот)
Овие две екипи одиграа спектакуларен натпревар на „Ванда Метрополитано“ и изненадија многумина со својата ефикасност.
Но, имајќи го во тимот Мохамед Салах, тогаш таквиот резултат е и очекуван, сепак на „Енфилд“ ќе биде друга песна.
Атлетико Мадрид е познат по својата дефанзивна игра и би бил задоволен со евентуален бод на ова тешко гостување, нешто што не би му пречело на Клоп бидејќи неговиот тим со 10 бода ќе биде првиот од оваа група што ќе обезбеди понатамошен пласман, но кога го имате Салах во тимот, тогаш сè е можно.
Предлог тип: 1X&0-2 (2.50)