Златан Ибрахимовиќ се пошегува околу своите идни планови и најави дека можеби во јули ќе биде со тимот на Милан на подготовките за новата сезона.
Шведскиот напаѓач одлучи да стави крај на играчката кариера по серијата повреди поради кои пропушти голем дел од сезоната.
„Релаксиран сум, што е пријатно изненадување за мене, не очекував дека ќе биде вака. Мислам дека ќе бидам под поголем стрес, а се чувствувам баш пријатно. Ќе видиме што ќе се случи, поминаа само три недели откако кажав дека се пензионирам. Можеби пак ќе играм, никогаш не се знае, можеби ќе бидам на подготовките на Милан следниот месец“, изјави 41-годишниот Златан.