Ибра: Њујорк ја има Статуата на слободата, а Шведска ја доби Статуата на Златан

За тоа што досега го има направено во шведскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ денеска доби статуа која е висока 2,7 метри, а тешка речиси половина тон. Стотици луѓе дојдоа да го проследат откривањето на статуата во Малме, градот од каде што започна кариерата на популарниот Ибра.

„Кога ќе одите во Њујорк, ќе ја видите Статуата на слободата, а кога ќе дојдете во Шведска, тука е Статуата на Златан“, рече Ибрахимовиќ. Во својата кариера Златан ги освои речиси сите најзначајни трофеи, а во дресот на репрезентацијата на Шведска одигра 116 меча и даде 62 гола.

https://twitter.com/Sporf/status/1181613302797017088

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести