Ибра поради болеста ослабе три килограми: Сигурно и телото ми беше во шок затоа што ја скратив косата

Некогашниот докажан фудбалер, а сега советник на Милан, Златан Ибрахимовиќ неодамна се соочи со грип поради кој неколку дена мораше да помине „закован“ во креветот. Во овој период Ибрахимовиќ загуби три килограми. Сега, Златан е подобро и веднаш започна да се шегува на своја сметка, велејќи дека можеби телото му било во шок затоа што решил да ја скрати косата.

„Сигурно и телото ми беше во шок затоа што ја истрижив косата“, во смеа вели Ибрахимовиќ, а потоа додава „Бев болен, ме зафати некој вирус. Загубив три килограми“, рече Ибрахимовиќ кој сега е советник во тимот на Милан.

Постоеја шпекулации дека Ибрахимовиќ го нема во Милан поради кавга со челниците на клубот, но Швѓанецот тоа го демантираше.

„Не сум во кавга со никого. Разговараме. Тука сум за да му помогнам на клубот како на теренот, така и надвор од него. Така беше досега, така е и сега, а така ќе биде и во иднина“, вели популарниот Ибра.

Како играч, Златан на два пати беше дел од Росонерите. Првата епизода ја имаше во период од 2010 до 2012 година, кога ја освои и Серија А. Вториот пат во Милан дојде во 2020 година и остана до 2023 година, а повторно се радуваше на Скудетото во 2022 година.

Во 2023 година, Ибрахимовиќ се повлече од активното играње, но остана да биде дел од структурата на Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести