И со 37 години, Златан Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи на светот, а во својата книга откри дека во 2010 година бил пред трансфер во Манчестер сити, кој тогаш му нудел огромна сума на пари.
Токму таа година е малерозна за Ибра, бидејќи Интер стана европски првак, а тој претходното лето си замина од миланските „неро-аѕури“. Да прифатеше да игра за Сити, веројатно ќе освоеше титула во Премиерлигата.
Во таа 2010, откако Ибра ја одби понудата (без негово знаење се преговарало помеѓу Барса и Сити) и остана во Барса каде се караше со тренерот Пеп Гвардиола (иден тренер на Сити), тимот од Манчестер го купи Един Џеко, кој прифати да биде резерва. Така нападот на „граѓаните“ го сочинуваа Тевес, Агеро, Џеко и Балотели.
Токму Босанецот Џеко како резерва, му помогна на Манчестер сити во 2011/2012 да стане првак, бидејќи во последното коло на незаборавниот дуел со Квинс парк ренџерс, даде гол за 2:2 на почетокот на судиското продолжение, најавувајќи пресврт, а во 94 минута Агеро даде гол за 3:2 и титула.
Ако тогаш Ибра играше за Сити, дали ќе имаше таква драма? Неколку години подоцна Ибра прејде во Манчестер јунајтед, но немаше среќа да освои Премиерлига.