Ибрахимовиќ сам си асистираше за гол на тренинг (Видео)

Златан Ибрахимовиќ на еден од тренинзите на Лос Анџелес галакси постигна гол при кој сам си ја додаде топката и всушност беше соло акција каква што ретко се гледа.

Тимот се подготвува за новата сезона во МЛС-лигата во САД, а очигледно Швеѓанецот е расположен и во добра форма. Во тоа се уверија и неговите соиграчи кои требаше да го чуваат, но не успеаја во својата задача бидејќи против себе имаа фудбалски генијалец кој често го воодушевува светот со своите потези.

Ваква асистенција со дриблинг без гледање во минатото имаше Михаел Лаудруп, а не треба да изненади ако Ибра оваа финта ја примени и на некој официјален меч.

 

- Оглас -

Најнови вести