Ибра-шоу во дербито на Милано: Со два гола за три минути ги нокаутира Нероаѕурите (видео)

Милан има сигурни 2-0 по дваесетина минути игра во дербито на Милано каде што игра во улога на гостин против Интер. Златан Ибрахимовиќ се враќа во голем стил по прележувањето на корона-вирусот и со два погодоци за три минути направи шоу на „Џузепе Меаца“.

https://twitter.com/FastGoal5/status/1317500651929219072

Прво Златан изнуди пенал во 11-тата минута по стартот на Коларов во шестнаесетникот, за Хандановиќ да го обрани првиот обид но не и одбиената топка. Веќе во следниот напад на Росонерите, Златан изгради позиција да се закани, а нафрлената топка без проблем ја стави зад грбо на словенечкиот голман.

- Оглас -

Најнови вести