Ибра за две минути даде гол и постави ново неверојатно достигнување

Милан одлично го започна дуелот на гости против Венеција и по само 100-тина секунди стигна до водство од 1:0. Златан Ибрахимовиќ кој во претходното коло промаши пенал против Рома, сега одлично реагираше и донесе радост за Росонерите.

Овој погодок е и јубилеен за Златан. Венеција е 80-ти различен клуб против кој Ибрахимовиќ постигнува гол во Топ 5 лигите. По статистиката која се води од 2000 година до сега, Ибра е само вториот фудбалер на кого ова му успеало. Кристијано Роналдо до бројката од 80 различни клубови на кои им дал гол во Топ 5 лигите стигна пред еден месец, кога погоди на дуелот против Барнли во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести