Шведската фудбалска легенда, Златан Ибрахимовиќ, типува дека Аргентина ќе биде нов светски првак затоа што „така било запишано во ѕвездите“.
„Веќе е запишано во ѕвездите кој ќе го освои Светското првенство. Сите знаете на кого мислам. Лео Меси ќе го подигне трофејот, тоа е запишано. Хрватска и Франција се силни фудбалски нации, но имам чувство дека титулата овојпат е наменета за Аргентина“, вели Ибрахимовиќ.