Ибрахимовиќ: Ако ова е Милан, нема да останам

Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Газета дело спорт“ практично потврди дека не е во добри односи со управата на Милан и најави дека ќе го напушти „Сан Сиро“ по крајот на сезоната.

„Ибра игра за да освои нешто или останува дома. Ми кажаа дека е лесно да се пензионирам во САД, па затоа се вратив во Милан. Тука сум само поради страст бидејќи практично играм за без пари. Потоа се случи пандемијата со ковид-19, како нешто да сакаше да ми испрати порака дека треба да се пензионирам. Но, за среќа, се вративме на терените, дури го надминав проблемот со листот и бев подготвен да играм по само два дена, но ми препорачаа да намалам со темпото“, истакна Ибрахимовиќ, а потоа додаде продолжувајќи да зборува во трето лице:

„Ибра е роден да игра фудбал и уште го прикажува најдоброто. Ќе видиме како ќе се чувствувам за два месеци, ќе видиме и што ќе се случува со клубот. Да бидам искрен, доколку ситуацијата остане каква што е, нема да ме гледате тука следната сезона. Знам дека ова не е големиот Милан, но мора сите заедно да се бориме за да се подобри ситуацијата. Златан не е играч за Лигата на Европа, ниту пак на Милан му е таму местото. Ако заминам, клубот ќе ги загуби фановите, а јас не би останал на место каде што мојот збор не вреди“, заврши Ибрахимовиќ.

За крај го прашаа што мисли за новиот тренер Ралф Рангник, а Златан одговори во негов стил: „Рангник, кој е тој?“.

- Оглас -

Најнови вести